МК Сцена
РЕКОРДОТ Е УРНАТ: Преку 50.000 луѓе ги поминаа капиите на Егзит (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Првите два дена јасно наговестуваа дека овогодинешниот Егзит поново ќе го достигне својот максимум, а во саботите секогаш се случува тоа! Вчеравечер преку 53.000 посетители ги минаа фестивалските капии на Петроварадин, рушејќи го рекордот на посетеност на фестивалот Егзит.
Централното место вчеравечер беше резервирано за едната и единствена Грејс Џонс, која пред публиката на главната бина настапуваше дополнителни 45 минути, говорејќи дека никогаш не сака да си оди од Егзит.
На преку 40-те фестивалски зони владееше заразно позитивна атмосфера од почетокот до изгрејсонцето на новиот ден, а епицентарот на случувањата беше главната фестивалска бина, на која за првпат застанаа Бајага и Инструктори. Они пред публиката, која хорски пееше, одржаа права лекција за рокенрол, а нашиот култен фронтмент и жива легенда на цел регион се заблагодари со зборовите – „Беше задоволство да се настапува на Егзит, ви благодарам Нови Сад, најдобри сте!“.




