Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

„Телеком Електроник Битс“ вечерва во Скопје

МК Сцена

„Телеком Електроник Битс“ вечерва во Скопје

Македонски Телеком ја носи првпат во Македонија познатата европска „urban lifestyle“ музичка програма – Telekom Electronic Beats.

Почетокот на платформата за клупска музика, филм и уметност ќе се одбележи со кино проекција и изложба. Во џебното кино на МКЦ вечер од 19 часот ќе се прикажуваат документарните филмови „Raving Iran“ и „Richie Hawtin (Slices documentary)“, а диџеј сетовите ќе бидат од 23 часот. Во Скопје доаѓаат Âme (DJ SET)-диџеј/продуцентско дуо составено од долгогодишните пријатели Kristian Beyer и Frank Wiedemann, германскиот артист DJ Koze и диџејот Tijana T од Белград, a домашна поддршка пристигнува од македонскиот диџеј и продуцент Herzel.

Главниот извршен директор на Македонски Телеком Андреас Елснер на денешната прес-конференција најави дека Electronic Beats доаѓа во Македонија, по огромните успеси и по настапите во Германија, Унгарија, Полска…

– Имаме уникатна можност за сите посетители кои ќе дојдат на забавата вечер. Кога некој ќе го покаже билетот во продаваниците на Телеком, ќе има можност да добиете смарт кул понуда од пакетот на Магента, со која добивате неограничен интернет за период од 24 месеци. Тоа сакаме да им го овозможиме на корисниците, рече Елснер.

Ралф Лулсдорф, одговорен за меѓународни комуникации во Дојче Телеком истакна дека Telekom Electronic Beats се формираше пред 17 години и додаде оти нешто слично не може да се најде кај друг телекомуникациски бренд.

– За нас Electronic Beats претставува програма за музички маркетинг и не е спонзорство, туку е креирана од нашиот тим, рече Лулсдорф.

Картите, кои се во ограничен број, може да се набават на билетарата во МКЦ.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.