МК Сцена
LORD OF THE DANCE во Скопје, со новиот светски денс-спектакл „Опасни игри“
Најпосетуваниот танцов-музичко-сценски спектакл на светот, повторно пристигнува пред македонската публика: LORD OF THE DANCE на славниот Мајкл Флетли гостува во Скопје на 11-ти април 2018.
По точно 10 години и по 5 целосно распродадени настапи кај нас, светското денс-совршенство овој пат, во Вип арената „Борис Трајсковски“, ќе го претстави новото шоу „Опасни игри“ основано на ирскиот фолклор кој ја претставува неверојатната авантура во борбата помеѓу доброто и злото.
Најдоброто танчерско шоу на светот досега собори повеќе светски рекорди – Флетли во Гинисовата книга на рекорди е запишан како човекот со најбрзите нозе на светот, со незамисливи 35 удари во секунда; шоуто се изведуваше дури 21 пат по ред во „Вембли“ арената во Лондон; за само 10 дена беа продадени 250.000 влезници на турнејата во Австралија. Мајкл Флетли (Michael Flatley), танчерот, флејтист, автор, директор и продуцент кој стои зад овој меѓународно наградуван танцов феномен, доакажа преку својата визија дека срцето и разумот, обединети преку музиката и танцот, ги бришат сите традиционални граници. „Lord of the dance’“ постојано ги соборува сите рекорди во продажбата на влезници ширум светот, оставајќи ја публиката без здив, желна за уште повеќе магија.




