Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Три златни медали за „Св. Злата Мегленска“ на Светските хорски игри во Сочи

МК Сцена

Три златни медали за „Св. Злата Мегленска“ на Светските хорски игри во Сочи

Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ под раководство на Летка Димовска-Полизова освои три златни медали и стана светски шампион во категоријата „Женски камерни хорови“ на престижните Светски хорски игри кои од 6-ти до 16 јули се одржаа во Сочи, Руска Федерација.

Како што соопшти Министерството за култура, македонските претставници освоија златни медали во категориите духовна музика и фолкор, како и златен медал во категоријата женски камерни хорови. Со поддршка од Министерството за култура, хорот „Св. Злата Мегленска“, како единствен претставник од Република Македонија, учествуваше на 9. Светски хорски игри, каде се претставија над 280 хорови од 36 земји од целиот свет, кои се натпреваруваа во 28 различни категории.

– Настапот на Светските хорски игри „Сочи 2016“, или познати како Хорска олимпијада, претставува најголем предизвик за сите хорови кои на задоволство на публиката и ја понудија културата на земјата од каде доаѓаат во целиот нејзин традиционален раскош низ црковната, световната и фолклорната хорска музика, информира Министерството за култура.

Пред две години женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ настапи на светските хорски игри кои се одржаа во Рига каде освоија две златни и еден сребрен медал.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.