Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Убави девојки, Димитар и „Тајфата“ – погледнете го нивниот најнов спот (ВИДЕО)

МК Сцена

Убави девојки, Димитар и „Тајфата“ – погледнете го нивниот најнов спот (ВИДЕО)

Додека сите уживаа и се одмараа во познатите туристички центри, Димитар Андоновски и „Тајфата“ го снимаа спотот за нивната најнова песна – „Остани“.

Спотот се снимаше на плажите на Преспанското Езеро и во него покрај момците од бендот, се појавуваат и уште неколку атрактивни девојки кои само дополнително ја разубавуваат атмосферата.

– Станува збор за брза етно-поп тема, за која сме убедени дека ќе биде прифатена од слушателите. Инаку снимањето на спотот беше напорно, бидејќи почнавме со снимање рано наутро, а завршивме неколку часа по полноќ. Но, вредеше, добивме прекрасно видео парче кое сме сигурни дека ќе му се допадне на нашата публика – велат членовите од бендот.

И овој пат Диме и „Тајфата“ за новата песна соработуваа со братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски, додека пак спотот како и претходниот, го изработи „Веста-продукција“ од Битола.

Инаку мора да се напомене дека Диме и “Тајфата” ова лето ќе го паметат по многубројните настапи низ клубовите во земјава, но и по свадбените веселби, каде дефинитивно се едни од најбараните..

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.