Сцена
Убиецот на Кристина Грими дошол на концертот специјално за да ја убие
Мажот, кој пред два дена ја застрела пејачката Кристина Грими во американскиот град Орландо во сојузната држава Флорида пристигнал од друг град, вооружен со два пиштоли со мал калибар, специјално за нападот, изјави началникот на полицијата на Орландо, Џон Мина.
Убиецот ја застрела пејачката од романско потекло веднаш по нејзиниот концертт додека таа делеше автограми, по што се самоуби.
Дваесет и две годишната пејачка стана ѕвезда во САД, откако го освои третото место на телевизиското реално шоу „Глас“ во 2014 година.




