МК Сцена
МАКЕДОНИЈА Е ГОРДА: Мартија, Антониа и Елена на чекор до победа во „Ѕвездички“
Трите Македонки го поминаа првото полуфинале од “Ѕвездичките на Пинк” кои маратонски пет часа траеше вчеравечер на каналите на Пинк и Сител.
Мартија, Антониа и Елена продолжуваат и во второто полуфинале следниот петок, благодарение на гласовите на телевоутингот. И покрај тоа што се гласаше од 1 часот по полноќ, сепак трите девојчиња собрале доволно гласови за да се пласираат понатаму.
Прва која настапи беше Стружанката Елена, која беше болна, се извини на публиката, но сепак даде се’ од себе и отпеа феноменално. Таа ја пееше “Euphoria”, шведската победничка песна од пред неколку години.




