МК Сцена
Уличниот театар „Баскерфест 2016“ од денеска во Скопје
Жонглери, акробати, танчери, магионичари, кловнови, илузионисти и музичари ќе бидат дел од уличниот театар под отворено небо „Баскерфест“ кои од денеска до 19 јуни ќе ги забавуваат посетителите на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје.
Посетителите во претстојните десет дена секојдневно од 19 часот се до доцните вечерни часови ќе имаат можност да се забавуваат и дружат заедно со над 100 артисти од целиот свет: Мексико, Бразил, Јапонија, Америка, Нов Зеланд, Шпанија и други држави.
Програмата ќе се одвива на три бини, а во вечерните часови на истото место планирани се настапи на повеќе музички групи и пивска градина.




