МК Сцена
Уметникот Игор Јосифов ќе изложува во Чикаго
Мултимедијалниот уметник Игор Јосифов за првпат во живо ќе го изведе перформансот „Untie“, во рамките на неговото претствување во уметничката галерија „Дефибрилатор“ во Чикаго, САД.
Од 19 до 29 април, Јосифов пред американската публика ќе го претстави мултимедијалниот проект „Континуум“, кој премиерно беше прикажан во Скопје на 14 декември 2016 година.
„Континуум“ доби и патувачки карактер низ неколку градови во Македонија (Тетово, Кичево и Битола) со цел домашната публика подобро да го запознае концептот на работа и уметничкото творештво на Игор.




