МК Сцена
Уште едно светски познато диџеј дуо доаѓа на Пивофест во Прилеп!
Општина Прилеп продолжува со најавување на програмата за овогодинешниот Фестивал на пивото Пивофест 2016.
BANG LA DECKS e супер звучно грчко DJ дуо кое ќе има свој перформанс на Прилеп. Дуото кое го сочинуваат успешни продуценти кои имаат милионски прегледи на нивниот јутјуб канал и со сигурност ќе ја разиграат публиката пред бината на Пивофест.
Инаку во официјалната програма се потврдени настапите на: Хари Мата Хари, Аца Лукас, Каролина Гочева, Рада Манојловиќ, Тропико бенд, рок- легендите „Парни ваљак“, белградскиот бенд „Самостални референти“ и реге-артистот Рафаел.






