МК Сцена
Даниел Кајмакоски и Ај Кју на заедничка сцена со Џон Њуман во Скопје
Авалон продукција како поддржувач на македонската музичка сцена, секогаш кога организира концерти на големи светски артисти, доставува барање до менаџментите на истите за настап на македонски артисти.
На наше огромно задоволство, овој пат ни беше одобрено од менаџментот на John Newman, како гости на неговиот концерт закажан за 21 јуни во ВИП арената „Борис Трајковски“, да настапат еден од најпопуларните пејачи во Македонија и на Балканот, Даниел Кајмакоски и атрактивната музичка група „Eye Cue“.
Пред публиката, Даниел и „Eye Cue“ ќе се претстават со своите хитови што ги обиколија сите домашни и регионални тв и радио станици, како и со материјали од нивните нови албуми, кои се очекуваат да излезат кон крајот на оваа година.




