Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вечерва диџејката Amelie Lens настапува во Епицентар

МК Сцена

Вечерва диџејката Amelie Lens настапува во Епицентар

Уште една успешна диџејка во Скопје ќе настапи на 7 април во клубот Епицентар. Нејзиното име е Amelie Lens која ни доаѓа од Белгија за да ги забавува љубителите на techno и house музиката. Amelie Lens како молња пристигна на светската сцена и покажа дека секој труд вложен во креативноста и талентот, нејчесто резултира со сатисфакција.

Медиумите за неа сакаат да пишуваат како за модел кој патем е квалитетен DJ, но таа вели: „Јас не чувствувам потреба во DJ кабината да ја презентирам својата женственост или добар изглед. Тука сум да ја споделам музиката и енергијата со луѓето“.

Родена е во Antwerp град со сериозна techno и house традиција каде таа ќе успее со многу напор и посветеност кон диџејството да стигне до моментална позиција каде ја дели DJ кабината со врвни techno DJи, а нејзината продукција која не брои многу изданија да биде дел од сетовите на: Maceo Plex, Kobosil, Locked Groove, Mind Against, Pan-Pot, Ian Pooley, Shall Ocin, Danny Tenaglia, Danny Daze, DJ Hell. Таа издава за Second State на Pan – Pot и во моментов е DJ кој секој добар underground techno клуб сака да го има.

Како DJ, таа е енергична и моќна, а од нејзината резиденција во клубот Labyrinth во Hasselt произлегоа настапи со големи имиња на електронската сцена, кои воедно отворија можност и за промоција на локални талентирани артисти од Белгија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.