МК Сцена
Вечерва завршува „Пивофест“ во Прилеп
Манифестацијата „Пивофест“ во Прилеп денеска влегува во завршницата и ова е последниот четврти фестивалски ден. Се очекува кулминација на фестивалската забава и на посетеноста, соопштија денеска на прес-конференција организаторите, локалните власти и невладината „Центар за граѓански иницијативи“.
– Вечер ќе биде кулминацијата на годинашниов фестивал. Се очекува да се срушат сите досегашни рекорди на посетеност. За забавата на гостите од земјава и од странство ќе се погрижат Ален Хасановиќ, Гоца Тржан и Дино Мерлин. Ги очекуваме гостите од сите страни, како впрочем и изминатите три фестивалски вечери, рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
