МК Сцена
ФОТОГАЛЕРИЈА: Дино Мерлин и Гоца Тржан во посета на гробот на Тоше Проески во Крушево
Балканските ѕвезди Дино Мерлин и Гоца Тржан кои вечерва ќе настапат на затворањето на Пивофест во Прилеп денеска имаа можност да се прошетаат во Крушево и да го посетат гробот на Тоше Проески.
Тие беа придружувани од градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески и градоначалникот на општина Крушево, Ѓорги Дамчевски.
Во емотивната посета Мерлин и Тржан поставија свежо цвеќе на гробот на Проески, а потоа имаа специјална тура низ спомен-куќата на Тоше во Крушево.






