МК Сцена
ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД: Ристе со песни од Тоше и Цетински на чекор до финалето (ВИДЕО)
Ристе се пласираше во четвртиот круг од „Ѕвездите на Гранд“, пренесува ТВ Пакет.
Изминатава сабота во сите земји низ регионот, освен во Македонија на Канал 5, започна со емитување третиот круг од највеселото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“.
И токму во првата емисија од третиот круг на Гранд, чест да настапи на грандиозната сцена имаше нашиот Ристе Ристески. Охриѓанецот е најпопуларниот Македонец во оваа сезона и потенцијален победник на „Звезде Гранда“.





