МК Сцена
„Види музика, слушни слика, добиј книга!“ ги воодушеви скопјани (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Вчеравечер во Градскиот парк се одржа традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга!“ во организација на Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар.
Јубилејниот, десетти спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга!“, ни ги донесе вечните теми на музичката четворка и тоа со симфониски оркестар, односно Македонска филхармонија пред многубројната публика изведе дел од хитовите на една од највлијателните музички групи на сите времиња – „Пинк Флојд“.







