Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Викендов во Минхен почнува популарниот Октоберфест

Сцена

Викендов во Минхен почнува популарниот Октоберфест

Нови безбедносни огради, дополнителни видео-камери, повеќе полицајци – се само дел од безбедносните мерки за минхенскиот Октоберфест на пивото, што годинава почнува на 22 септември и ќе трае до 7 октомври, јави ДПА.

За време на фестивалот во Минхен ќе бидат забранети дронови, како и носењето големи чанти и ранци од посетителите.

Околу 600 полицајци ќе се грижат за сигурноста на луѓето присутни таму. Полицијата сега за првпат ќе ги испроба и таканаречените „Супер-распознавачки агенти” – униформирани лица обучени да препознаат сомнително лице и да го следат секој нивни чекор. Тие ќе користат и 47 камери како помошно средство.

Минатата година традиционалниот настан беше посетен од 6,2 милиона луѓе.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.