Музика
„Ворлд Чил-Ин“ бината на Егзит годинава во ново руво!
До почетокот на големата летна „Егзит“ Авантура остануваат уште три цели недели, а по бројот на продадени влезници и пријавени гости од сите шест континенти, интересот на „Егзит“ и „Си Денс“ е рекорден!
За десетиците илјади посетители, кои ќе го слават 15. роденден на „Егзит“ секоја вечер, да можат да ги наполнат батериите и да се одморат од лудувањето на најголемите бини, оваа година во амбиентот на еден од најскриените делови на Петроварадинска тврдина, опкружен со огнени и жестоки рифови од гитарските бини, а целосно обвиен во својот мир, се наоѓа „Ворлд Чил-Ин“ (World Chill–Inn) бината.
Екипата од искусни диск-џокеи и селектори кои ја бираат музиката на оваа бина, претежно е сочинета од новосадските колекционери на добрата, „ворлд“ музика. Некои од нив работат на радио, некои се членови на градските бендови, а некои резиденти на новосадските клубови и сите ги најавуваат своите најдобри изданија за јубилејниот „Егзит“ фестивал, кој оваа година ќе се одржи од 9. до 12. јули.




