МК Сцена
Денеска финалистите од Х-Фактор на гости во Скопје
Денес учесниците од најгледаното музичко шоу X-фактор Адриа доаѓаат во Скопје Сити Мол.
На една недела пред големото финале во Белград, финалиситите и дел од учесниците во музичкото шоу ќе одржат мини концерт и дружење во Скопје.
Со почеток во 20 часот пред Скопје Сити Мол, од страната на ул. Љубљанска, сите ќе имаат можност да ги чујат настапите и да се дружат со финалистите од X-фактор.




