Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВТОР ДЕН МОДЕН ВИКЕНД: Пет ревии во салонот на „Порше Македонија“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Промо / Ани и Дими

МК Сцена

ВТОР ДЕН МОДЕН ВИКЕНД: Пет ревии во салонот на „Порше Македонија“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вториот ден од пролетното петнаесетто издание на Моден викенд Скопје продолжи со пет ревии, вчера во салонот „Порше Македонија“.

Модниот ден го отвори групната ревија на 15-те студенти од Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет Р. Македонија, наречена „Шик-шок-ефект“ со вкупно 47 креации.

Станува збор за необичен спој на повеќе теми како инспирација, смели моделарски бази и кроеви, креативен ликовно-дизајнерски спој на избор на бои и материјали на студентите од катедрата за моден дизајн која години наназад создава генерации професионални кадри.

„Linea collection“ овој пат ја презентираше колекцијата составена од линиите: „Botanique“, „Fragmented Feeling“, „Playful Transparents“, „Pure and Fresh“ и „Urban Nomads“.

„Основниот мотив на новата колекцијата е да го следи животниот стил на секоја модерна жена, токму затоа изборот на моделите е широк и разновиден и одлично се вклопува во динамиката на урбаниот свет. Од едноставни дневни варијанти со пастелни и хармонични тонови, преку софистицирано дизајнирани модели за посебни пригоди, сѐ до неодоливо елегантни варијанти кои ја нагласуваат женственоста и гламурозниот впечаток.“, велат од „Linea collection“.

За прв пат на Моден викенд Скопје се претстави „Atelier Kocareva“ со колекцијата „History is written by the winners“ за која Моника Коцарева ке рече „Култот за Наполеон како човек од судбината со својата моќ и аристокртскиот изглед претставува инспирација за колекцијата, како најдобар пример за император која ја сфатил моќта на модата како корисна и влијателна алатка за пропаганда.“

Марија Трајанова која твори под етикетата „Marsin“ ја претстави колекцијата „Bond lady“ составена од елегантни комбинезони, коктел фустани, блејзери, кратки здолништа во смарагдно зелена, сина, бела и црвена боја. Креациите се инспирирани од модниот стил на девојките во Џејмс Бонд филмовите.

Колекцијата за пролет/лето ’17 на Ирина Тошева која ја видовме за крај на втората вечер има за цел да ја подигне јавната свест за актуелно насушната потреба за грижа кон животната средина и покажување поголема љубов кон природата. Печатени на еколошки материјали дезените се соработка со американскиот уметник Mark Lovejoy. Модните додатоци се соработка со „Mighty Jewelry“ и претставуваат минијатурни пејсажи од природата. Манекенките носеа чевли од „Chantel“, ГТЦ.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.