МК Сцена
Започна 16. издание на викендот на мода во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Со четири ревии вчеравечер во „Скопје Мериот Хотел“ започна шеснаесеттиот Моден викенд Скопје , под мотото на сезоната #Stopthetraffik.
Сезоната есен-зима 2017/2018 ја отвори ревијата на „Papaz“ и колекцијата „Подем на гревот“ чии креации ги потпишува дизајнерот Андреј Папаз Ѓоргиевски.
– „Централното место во колекцијата ја зазема приказната за Содома и Гомора, два библиски града, синоними за грев, блуд и разврат. Колекцијата „Подем на гревот“, сугерира со нагласена сексапилност, инспирирана од човековата сексуалност и хедонизам. Силуетата во исто време e провокативна и елегантна, употребени се повеќе видови на еко кожа, свилен жоржет, штоф и чоја. Земајќи предвид каде се смета дека Содомa и Гомора се наоѓале териториски, деталите се преземени од традиционалната облека од Блискиот Исток.“, вели Ѓоргиевски за својата колекција.






