МК Сцена
Започна тетарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Со претставата „Име“ во режија на Ненни Демлестре на театар „Комедија“ и со традиционалното врачување на наградите за животно дело, вчеравечер во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп започна 51-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.
– „Фестивалот го помина првото петдецениско постоење и годинава зачекоривме во второто петдецениско живеење на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Направив селекција од 12 претстави во официјалната конкуренција за награди и се раководев само од квалитетот што го нудат македонските професионални театри. А македонскиот театар постојано бележи нагорна линија и според квалитет и квантитет, зашто сите ансамбли се обновени со млади актери и творци, истакна претседателот на Собранието на фестивалот и селектор Петар Темелковски.
Сите осум фестивалски дена ќе биде понудена богата програма. Освен 12 претстави во официјална конкуренција има и 10-тина претстави во придружната програма. Ќе бидат организирани и изложби и промоции на драмски текстови што се наградени од Министерството за култура, како и полноќни претстави за сите генерации.







