МК Сцена
Жељко Јоксимовиќ повторно со концертен спектакл во Скопје
Познатата балканска музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ вчера ја промовираше својата нова песна “Милиметар”, а денес го најавува својот голем концерт во Скопје кој ќе се одржи на 11ти ноември во Вип Арената Борис Трајковски.
Едно од најдобрите српски музички имиња, единствениот што успеа да ја наполни Националната Арена “Филип Втори”, пејачот и кантавтор Жељко Јоксимовиќ доаѓа со уште еден во низата на успешни концерти во Скопје.
Лани, со музичкиот проект “Два Света”, со повеќе од 40 музичари на сцена, Жељко наполни дури четири концерти, еден по друг, во Македонскиот Народен Театар.




