МК Сцена
ЖЕШКА ФОТОГАЛЕРИЈА: Северина во „Мериот“ го презентираше новиот календар на „Пелистерка“
Познатата и жешка хрватска пејачка Северина во присуство на новинарите во хотел Мериот го презентираше новиот календар на македонската компанија „Пелистерка“ за 2017 година.
Снимањето на фотографиите се одвиваше во Загреб, а во него беше вклучена 25-члена екипа од Македонија, Хрватска и Словенија.
Од менаџментот на „Пелистерка“ потенцираат дека компанијата го засилува своето присуство на пазарите во Хрватска, Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово поради што и било потребно добро познато и популарно лице како Северина.















