МК Сцена
„Руска бајка“ – новогодишен концерт на МОБ на 1 јануари
Македонската опера и балет (МОБ) во недела, на 1 јануари, ќе го изведе традиционалниот Новогодишен концерт.
Концертот со наслов „Руска бајка“, под диригентство на Иван Еминовиќ, ќе се одржи во реновираниот Салон на Македонската опера и балет.
На програмата се дела од Прокофјев, Чајковски, Шостакович, Рахмањинов, Фомин, Герман, Пендерцки, Ларионов и Римски-Корсаков, а ќе ги изведат оперските солисти: Тамара Калинкина, сопран (Украина), Борис Трајанов, баритон, и Дарко Нешовски, тенор, како и балетските солисти: Мими Поп Алексова Атанасовска, Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Бобан Квачевски, Дојчин Дочев (Бугарија), Игор Веланоски, Дафина Данилоска-Кочевска, Билјана Басмаџиева, Маја Митровска-Богојевска и Марина Анастасовска.




