МК Сцена
Златна „Камера 300“ за унгарскиот кинематографер Маќаш Ердели
Унгарскиот кинематографер Маќаш Ердели во чии раце беше камерата во филмот „Синот на Саул“ е годинашен освојувач на наградата златна „Камера 300“ – највиското фестивалско признание на ИФФК „Браќа Манаки“ кој синоќа заврши во Битола.
Со одлука на меѓународното стручно жири предводено од режисерот Ришард Ленчевски, сребрената „Камера 300“ му припадна на кинематограферот Адам Аркапо кој учествуваше во филмот „Магбет“, додека за камерата во филмот „Земја и сенка“, бронзена „Камера 300“ доби кинематограферот Матео Гусман.
Пред филмофилите во Битола беше доделена и специјална награда која му беше врачена на кинематограферот Мортеза Геиди од Иран за филмот „Нахид“, додека пак „Мала златна камера 300“ за најдобар краток филм доби Горан Наумовски за филмот „Долу од рајот“.




