Ракомет
Червар: Ова беше натпревар на играчите
По големата победа над Чешка (34:27) и изборениот пласман на Светското првенство во Франција разбирлива беше радост во таборот на ракометната репрезентација на Македонија, а дополнително задоволството беше уште поголемо бидејќи репрезентативците Филип Миркуловски и Наумче Мојовски со победа и со изборен пласман на ракометниот Мундијал се простија од репрезентативниот дрес.
– Честитки до играчите. Ова беше нивни натпревар, едноставно летаа по теренот и кога беа повредени сакаа да се вратат да играат. Постигнавме голема победа. Комплетната заслуга е нивна. Голема благодарност и до извонредната публика, изјави селекторот Лино Червар на прес-конференцијата.
Овој натпревар имаше многу симболика, првиот гол го постигна Миркуловски, а последниот Мојсовски.




