Спорт
Домаќинот Франција со победа стартуваше на ЕУРО 2016
На отворањето на 15. Европско првенство во фудбал, синоќа во Сен Дени, домашната репрезентација на Франција ја победи Романија со 2:1 и ги освои првите бодови на шампионатот.
Јунак во победата на „триколорите“ беше Димитри Паје кој го постигна победничкиот гол во 89.минута. Претхдоно Оливие Жиру во 57.минута донесе водство за Франција, а осум минути подоцна Богдан Станку изедначи од пенал.
На вториот дуел од 1.коло во А-групата денеска од 15 часот играат Албанија и Швајцарија.




