Спорт
ДА ГИ ПОДДРЖИМЕ МЛАДИТЕ ФУДБАЛЕРИ: Историски натпревар на 11 октомври, во 18:45 на арената Филип Втори
Нека грми на нашиот најголем стадион. Да ги поддржиме нашите фудбалски бисери, во пресудниот натпревар за најголем успех на македонскиот фудбал. 11 октомври, нека биде запишан и како ден кога Mакедонија оствари пласман на едно Европско фудбалско првенство за млади.
Талентираната млада фудбалска репрезентација до 21 година, својот последен меч од квалификациите за пласман на ЕП 2017 во Полска, ќе го одиграат на 11 октомври. Овој празничен ден за нашата држава, се надеваме дека ќе биде и фудбалски празник, а избраниците на Благоја Милевски ќе не израдуваат со триумф против селекцијата на Шкотска.
Натпреварот ќе се игра на арената „Филип Втори“, во 18 и 45 часот, кога во исто време ќе се игра и мечот Исланд – Украина, кој исто така е мошне важен за конечниот пласман на табелата.




