Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

МАКЕДОНИЈА Е ГОРДА: Победа над Северна Ирска за нов успех на младите фудбалери

Спорт

МАКЕДОНИЈА Е ГОРДА: Победа над Северна Ирска за нов успех на младите фудбалери

Младата фудбалска репрезентација на Македонија (играчи до 21 година) забележа значајна победа над Северна Ирска и ги зачува шансите за пласман на Европското првенство. Македонија ја совлада Северна Ирска со 2:0 во претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕП 2017 година.

На натпреварот кој се одигра на арената „Филип Втори’’ во Скопје, нашата селекција поведе со 1:0 во 36-тата минута, кога по уфрлувањето на Даниел Аврамовски, лошо интервенираше гостинскиот фудбалер Џош Доерти кој си постигна автогол. До вториот гол се чекаше се до 85-тата минута кога Кире Марковски ја затресе мрежата на Северна Ирска, поставувајќи ги конечните 2:0.

Ова беше натпревар од групата 3, во која Украина убедливо со 4:0 ја победи Шкотска, додека Франција со 1:0 славеше над Исланд.

Сега нашата репрезентација е на водечката позиција на табелата со 18 бодови (9 одиграни натпревари), пред Франција која има 17 (9), и Исланд кој остана на 15 бодови (еден натпревар помалку). По нив следуваат: Украина 10 (8), Шкотска 8 (8), Северна Ирска 1 (8).

Македонските младинци во последниот меч од квалификациите ќе играат против Шкотска, во Скопје на 8 октомври.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Спорт

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.