Спорт
Вардар го совлада Копенхаген во првиот меч од Лигата на шампионите
Македонскиот првак Вардар забележа минимална победа против данскиот Коппенхаген во првата средба од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.
Дуелот кој се игра на арената „Филип Втори“ во Скопје, а на кој присуствуваа 10.000 гледачи, Вардар го доби со 1:0.
Во првото полувреме двата тима имаа свој периоди од играта, но без посериозни шанси се до последната 45.минута кога Филипе со удар работ на казнениот простор се обиде да го изненади гостинскиот голман Роби Олесен кој со одлична интервенција не дозволи вардарци да го отворат резултатот.




