Ракомет
ЕП 2016 ракомет: Норвешка ја победи Полска и е опасност за Македонија
На Европското ракометно првенство што се одржува во Полска синоќа се случи мало изненадување. Норвешка му го нанесе првиот пораз на домаќинот и направи голем исчекор кон полуфиналето. Конечниот резултат на дуелот Полска – Норвешка е 28:30.
Со оваа победа Норвежаните се изедначија по број на бодови со Франција во групата 1, но имаат и натпревар помалку.
На другиот саботен дуел во Краков, Франција ја победи Хрватска со 32:24.
Македонија и Белорусија беа слободни.




