Ракомет
Македонија против Белорусија за прва победа на ЕП во Полска
Македонската ракометна репрезентација денеска од 16 часот во „Таурон Арена“ во Краков го игра последниот натпревар на Европското првенство во Полска. Нашите ракометари и покрај добрите игра на поголемиот дел од натпреварите немаат победа, а имаат два нерешени резултати.
Затоа избраниците на селекторот Ивица Обрван се желни да имаат еден комплетен резултатски успех на овој шампионат.
И покрај повредите Обрван се надева дека утре на располагање ќе има подготвени играчи за дуелот со Белорусија.




