Останато
Евгениј Поп Ацев победник на 29. Охридскиот пливачки маратон
Евгениј Поп Ацев е победник на 29-тото издание на Охридскиот пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 30 километри ја исплива за 5:39:42 часа.
– Ова е еден од најубавите моменти во мојата пливачка кариера. Многу сум задоволен, се надевав годинава на победа…Последните километри од трката видов дека имам шанси, така што ја сменив тактиката и успеав да го направам она што го пропуштив лани, изјави Поп Ацев откако од претседателот Ѓорѓе Иванов беше закитен со ловоров венец.
Распоредот на второпласираниот и третопласираниот маратонец ќе биде утврден дополнително бидејќи некои од пливачите пред самиот финиш ја промашија поставената контролна точка, така што можно е третото место да му припадне на нашиот Томи Стефановски, кој како четврт мина низ целната линија.

