Останато
Штафетите на Јамајка најбрзи на 4×100 метри, Итон со нов светски рекорд на Мундијалот во Кина
Претпоследниот ден на Светското атлетско првенство во Пекинг беше затворен со штафетните трки на 4 по 100 метри во машка и во женска конкуренција на кои доминираа спринтерите од Јамајка.
На машката штафета Јамајчаните предводени од Јусеин Болт победија со време 37.37 секунди. Покрај Болт во составот на Јамајка беа Неста Картер, Асафа Пауел и Никел Ашмеде.
Сензација направи домаќинот Кина чија штафета заврши на втората позиција, откако САД беа дисквалификувани поради лоша замена, а трета беше Канада.
И кај жените штафетата на Јамајка беше најбрза, пред „четворката“ од САД, третото место го освои Тринидад и Тобаго.

