Спорт
Гледај Европско на најголемиот ЛЕД екран пред Ист Гејт Мол
Со новата 2022-ра, започна листањето на нови резолуции за новогодишни желби, шопинг листи и планови, а со почетокот на истата, започна и финалното одбројување до долгоочекуваното Европско Првенство во ракомет 2022 во Унгарија и Словачка (Men’s EHF EURO 2022).
Од 13ти до 17ти јануари 2022 година, на најголемиот ЛЕД екран пред Ист Гејт Мол во Скопје, секој фан и љубител на спортот и ракометот, ќе има единствена можност да навива за македонската репрезентација во еуфорична зимска и пријатна атмосфера.
Денес, 13.01.2022 (четврток), со почеток во 18:00 часот најверните фанови ќе бидат подготвени да ги бодрат македонските репрезентативци како никогаш досега и да го покажат навивачкиот дух во спортската фан зона пред Ист Гејт Мол.




