Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пријавени 2500 учеснички за Авицена Женската трка – рекорден број на пријави!

Спорт

Пријавени 2500 учеснички за Авицена Женската трка – рекорден број на пријави!

Во Скопје на 9ти април ќе се одржи единствената спортска манифестација посветена исклучиво на понежниот пол. Организаторот на трката, Сојузот на спортови на Скопје, изјави дека рекордот на пријавени натпреварувачки е срушен со бројката од 2500 пријави.

Сите оние кои уште се немаат пријавено, имаат време до 04.04.2023 за да го направат тоа на официјалната страна на Авицена Женска трка. На денот на трката не е можно пријавување.

Победничките во генералниот пласман ќе добијат награди, а награди ќе има и за учесничките во седум категории. Трката има за цел да го промовира значењето на физичката активност, особено трчањето и пешачењето, како примарна превенција за здравјето на женската популација, но и да охрабри жените да ги победат сопствените животни рекорди.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Спорт

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.