Спорт
Голем пад за Македонија на ФИФА ранг листата
Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од 28 места на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска.
За „црвено-жолтите“ ова е најлош пласман во последните две децении и втор најлош во историјата на независна Македонија.
Од репрезентациите кои се во квалификациската група за ЕП со Македонија, најдобро пласирана е Шпанија (6. место), Словачка е 18-та, Украина 24-та, Белорусија е на 98.позиција, а Луксембург е на 142. место.




