Останато
ФОТОГАЛЕРИЈА: Над 3.000 учесници на ревијалната Виз Ер Скопје 5 км трка!
Утрово вообичаената неделна тишина во центарот на Скопје беше прекината од вревата на многубројните учесници кои се појавија да зeмат учество на ревијалната Виз Ер Скопје 5 км трка која започна точно во 09 часот.
Над 3.000 учесници на своите стартни позиции, по звукот на алармот за старт, го започнаа својот ревијален круг, стартувајќи од улицата Димитрија Чуповски на Рекорд, низ булеварот Климент Охридски, низ Илинденска, Франклин Рузвелт и долж булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов се упатија назад кон финишот.
„Навистина сме изненадени од големиот број на учесници кои несебично ја дадоа својата поддршка денес со тоа што ја истрчаа оваа трка од ревијален карактер. Сакам да им се заблагодарам на сите љубители на спортот и трчањето, на сите аматери и професионалци кои утрово заедно создадоа неверојатна позитивна атмосфера токму во центарот на Скопје. Навистина ми е драго, и сите кои учествуваа, а и оние кои немаа можност, ги поканувам на наредниот Скопски Маратон на 8 мај 2016,“ изјави Кире Синадиновски, директор на Скопскиот Маратон

