Останато
Хуманитарна трка за децата со Даунов синдром
По повод светскиот ден на лицата со Даунов синдром во организација на Мечувалечки Клуб Ескрим се организира третата по ред Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром во сабота, 18.03.2017, во 11.00 часот во Градски парк, пред Школка.
Трката е отворена за сите наши хумани граѓани, но ќе учествуваат и децата со Даунов синдром и нивните семејства.
Со овој настан се цели кон подигање на свеста за овие прекрасни личности, да се поттикнат и останатите спортски клубови да ги отворат вратите за децата со Даунов синдром, да ги вклучат во спортот и да им се обезбеди еднаков пристап до него како и за редовните деца.

