Спорт
Трофејот од Супер купот пристигна во Скопје (ФОТО)
На 8 август 2017 година Скопје ќе биде домаќин на големиот фудбалски настан – Супер купот на УЕФА, натпревар на кој во македонската престолнина ќе се сретнат двете најдобри екипи во Европа.
Во насока на популаризација на овој настан трофејот од купот викендов ќе биде изложен во Скопје.
Трофејот од Супер купот в сабота во периодот од 9 до 18 часот ќе биде изложен на платото пред „Куќа на фудбалот“ на специјално брендирана поставка и ангажиран официјален фотограф за фотографирање на присутните љубители на фудбалот, децата и екипите учесници во Детската лига на ФФМ.





