Ракомет
ЛАЗАРОВ: Почнавме лошо, но се си дојде на свое место
Македонската ракометна репрезентација ја постигна и втората победа, откако синоќа во Мец беше совладана Ангола со 31:22. Триумфот беше најавен во финишот на првиот дел, а отпорот на противникот беше целосно скршен кон средината на вториот дел.
– Очекувано Ангола беше подобра од натпреварот со Словенија. Ние почнавме лошо и имаше малку нервоза. Имавме шанси, но не ги реализиравме. После се си дојде на свое место и сите играчи добија шанса со што ги распоредивме силите во пресрет на дуелот со Словенија, особено што имаме и ден одмор, изјави капитенот Кирил Лазаров.
Со слично мислење е и еден од поискусните во репрезентацијата Филип Миркуловски.




