Ракомет
Македонија против Словенија го почнува настапот на еврошампионатот
Словенија е првиот противник на македонската репрезентација на 13. Европско ракометно првенство што се игра во Хрватска.
Натпреварот се игра вечер од 19 часот и 30 минути и ќе биде во рамките на Ц-групата која се игра во Загреб.
Се очекува македонските ракометари да имаат поддршка од околу две илјади навивачи кои ќе се обидат да им се спротивстават на околу пет илјади Словенци кои го најавија своето присуство во „Арена Загреб“.




