Ракомет
Македонија со триумф над Словенија го почна ЕП
Македонската ракометна репрезентација со триумф над Словенија (25:24) ги почна настапите на Европското првенство што се одржува во Хрватска.
По нерешените 11:11 на полувреме „црвено-жолтите“ имаа фуриозен почеток на вториот дел и серија од 4-0 за четири минути, а во 35.минута празен гол за плус 5 од својата половина промаши Дејан Манасков, по што Словенците го постигнаа првиот гол во продолжението.
Следуваше подобра игра на словенечкиот состав и резултатски приклучок. Се влезе во драматичен финиш во кој поуспешни беа нашите репрезентативци за на крајот да им приредат голема радост на присутните Македонци во „Арена Загреб“.




