Ракомет
Македонија против Србија за пласман во следната рунда на ЕП
Македонската машка ракометна репрезентација попладнево против Србија ќе го игра решавачкиот меч од А групата на Европскиот шампионат што се одржува во Полска.
По двата порази, кои ги претрпеа во првите два меча од Франција и Полска, двете селекции се пред императив да се победи противникот и да се обезбеди третото место во оваа група, а со тоа и пласман во следната, главна фаза на првенството.
За разлика од Србите, на кои само победа им е опција за ракометарите на Македонија предвид доаѓа и нерешен резултат, тоа поради подобрата гол разлика во однос на противникот.




