Одбојка
Македонските одбојкари одбојкари поразени од Данска
Македонските одбојкари иако имаа шанса да го превземат водството против противникот, за време на вчерашниот натпревар го загубија првиот меч со Данска. На само чекор до победа, македонската одбојкарската репрезентација го заврши натпреварот со 3:2 во сетови, (27-29, 25-18, 25-18, 22-25, 16-18,).
„Со малку повеќе среќа мислам дека денес може да стигнеме до посакуваните бода против Данска. По вчерашниот натпревар можам само да кажам дека не секогаш победуваат најдобрите. Сметам дека со малку повеќе фокус и тактика на игра, ние можеме да ги совладаме Данците. Ги повикувам сите љубители на одбојката да дојдат денес во 17:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“ и да ја бодрат македонската одбојкарска репрезентација,” – изјави Жарко Ристоски, селектор на македонската одбојкарска репрезентација.
