Ракомет
Македонските ракометари со желба да ја продолжат успешната серија
Македонската ракометна репрезентација е пред нов предизвик. Вечерва во Вараждин во дуел од групата 2 на Европското првенство во Хрватска, Македонија ќе игра против финалистот од последното ЕП Шпанија. „Црвената фурија“ има пет победи во дуелите со Македонија, од кои две на Европски првенства и една на Светското првенство, како и две во квалификации.
Но, Македонија во денешниот дуел ќе влезе со многу мотиви и желба да се постигне посакуваната победа, која ќе ги „подотвори“ вратите од полуфиналето.
Македонските ракометари ќе ја имаат и поддршката од трибините и се очекува барем половина од капацитетот на „Вараждин Арена“ – 5.200 места да биде исполнет со македонски навивачи.




