Спорт
Мурињо и Хоу менаџери на годината во Англија
Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо и шефот на стручниот штаб на Борнмаут Еди Хоу се лауреати на годинашниот избор на Асоцијацијата на фудбалски менаџери во Англија.
Мурињо беше избран, бидејќи го предводеше Челзи до трофеите во Премиер Лигата и во Лига Купот, додека Хоу е награден поради обезбедениот пласман во Премиер лигата.
