Останато
Пливачот Љупчо Ангеловски постави нов државен рекорд во младинска конкуренција
Членот на пливачкиот клуб Бета, Љупчо Ангеловски на меѓународен натпревар во Бања Лука во дисциплината 50 метри грбно постави нов државен рекорд во младинска категорија со време од 28.28 секунди.
Ангеловски настапи и во дисциплините 50 метри делфин и 50 метри слободно.
Финале во апсолутна категорија обезбедија и Андреј Соколовски во дисциплините 50 метри грбно, 100 метри грбно и 200 метри слободно каде го освои второ место, сребрен медал, како и Мартин Тодоровски кој учествуваше во дисциплината 200 метри слободно.

