Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

По повод 8-ми Септември, Кузмановски и Момировски ќе возат велосипед цели 110 километри

Спорт

По повод 8-ми Септември, Кузмановски и Момировски ќе возат велосипед цели 110 километри

По повод 8-ми Септември, Кузмановски и Момировски ќе возат велосипед цели 110 километри

По повод 8-ми септември, Денот на независноста, Сојуз на спортови на Скопје ја организира 8та историска велосипедска тура. Таа ќе започне на 1. септември 2019 во 09.00 часот кога Ѓорги Кузмановски и Дејан Момировски – Денда ќе тргнат од Маврови Анови преку Дебар до Струга.

Патеката на Кузмановски и Момировски е долга 110 километри и се планира тие да се во Дебар во 10.30 часот, а да пристигнат во Струга во периодот од 13.30 до 14.00 часот. Учесници во турата се долгогодишниот тренер, велосипедист и спортски работник проф. Ѓорги Кузмановски кој е на 78 годишна возраст и велосипедист и тренер Дејан Момировски – Денда кој има 52 години.

Ѓорги и Дејан покажуваат истрајност и пожртвуваност со цел да го прослават Денот на независноста во духот на спортските активности и да ги мотивираат граѓаните да бидат активни, посебно спортски, во секоја доба од животот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Спорт

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.